Новите iPad реклами се фокусираат на гејмингот, интерактивни апликации и ајкули

Apple има нови реклами за своите за iPad и iPad mini таблет компјутерите во кои ги претставува разните креативни апликации кои можат да се најдат на App Store. Иако нема спектакуларни најави за нови услуги, преку зборови како „див“, „инспиративен“, „заедно“, „гласно“, „длабоко“ и „живо“, компанијата потсетува дека има за секој по нешто од над 300-те илјади апликации наменети само за iPad.

Новите реклами презентираат заедничко играње, читање книги, и други интерактивни и друштвени апликации, иако како и во претходните реклами, целиот фокус е ставен на екранот на уредите, за разлика од рекламите на Microsoft за Surface кои имаат поинаков пристап.

[youtube]jvRaNXmsqcM[/youtube]

[youtube]pqTwYa46OKE[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии