Intel со новите Haswell процесори не води во пост-PC ерата

Intel на Developer Forum го претстави наследникот на Ivy Bridge. Новите Haswell процесори се дизајнирани да бидат помоќни и потенки, но и да трошат помалку енергија. Haswell работи на 10 вати што е двојно помалку од Ivy Bridge, а ќе понудат два пати повеќе графичка моќ, вели Intel. Еден од новитете на Haswell процесорите, кои ќе се појават во средината на наредната година, е што имаат подобра поддршка за „перцептивни“ задачи како препознавање на говор и лице.

Овие процесори се дизајнирани со истиот 22 нанометри процес со кој се направени и Ivy Bridge, но се дизајнирани за да се користат, пред се, од хибридните таблет компјутери и ултратенките лаптопи. Намалената потрошувачка на енергија значи и дека батеријата ќе трае подолго. Intel можеби е најголемиот производител на чипови за десктоп PC-ја, држи дури 80 отсто од тој пазар, но заостанува зад ARM на растечкиот пазар на мобилни уреди. Haswell и Atom мобилни процесори ќе треба да му помогнат на Intel да го освои и тој пазар.

„Haswell е дизајниран со мобилноста на ум… од тенки таблет компјутери до ултрабукови и декстоп компјутери со високи перформанси.“, вели Дејвид Перимутер од Intel Architecture Group.

[youtube]2wthvk50F5g[/youtube]

1 коментар на “Intel со новите Haswell процесори не води во пост-PC ерата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии