Новите игри за PS5 на Sony ќе бидат поскапи за 20 евра

Мартин Јованчевски

во Вести, гејминг

На вчерашниот настан на PlayStation се дознаа многу работи. Се израдувавме кога прочитавме PS5 со Ultra HD Blu-ray ќе чини 500 евра, а конзолата со дигитални игри ќе чини 400 евра. Сомнежите нѝ се потврдија кога прочитавме дека новите игри за PS5 ќе чинат 70 долари. За европските пазари, меѓутоа, препорачаната продажна цена на игрите на Sony не е 70 евра, туку 80. Тоа значи дека една иста игра во САД ќе чини 70 долари, но 95 долари во Европа.

Се претпоставува дека поскапување на цените се должи на две причини. Првата е тоа што игрите стануваат се покомплексни и трошоците се значително поголеми. Втората е тоа што цената на конзолата е значително пониска од она што се очекуваше за новата генерација конзоли и Sony сака да ја поврати загубата преку продажбата на игрите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии