Новите игри воодушевија на E3, посебно Doom, Fallout 4 и For Honor

Започна најголемиот саем за видеоигри Е3, вообичаено честа да го отворат саемот ја има Microsoft. Акцентот оваа година беше на Xbox One и Windows 10, но најверојатно никој не веруваше дека компанијата нема да го спомене HoloLens.

Најверојатно најпријатното изненадување е „backwards compatibility“ односно можноста корисниците на Xbox One да ги играат постарите наслови. Доколку веќе ги поседуваат овие игри на Xbox 360, нема потреба од повторно купување, единственот ќе треба да ги иинсталираат игрите и да играат. Веста дека „backwards compatibility“ пристига наскоро ги израдува корисниците, кој сега велат дека доколку Sony не го понуди истото на PlayStation 4, XboxOne наеднаш со една нова функционалност ќе стане попосакуваната конзола. Ако можноста за играње на постарите игри е најпоздравуваната вест, тогаш презентацијата на Minecraft HoloLens е најипресивната. Microsoft само повторно ги презентираше гејминг можностите на HoloLens, но се чини дека во моментов немаат идеја како ова да го имплементираат на останатите висеоигри. Сепак презентацијата на HoloLens беше импресивна, а дел од стратешките игри и можноста за нивно играње на масата пред вас изгледа навистина примамливо.

Секако Е3 не би бил ништо без видеоигрите. Sony ги најави своите адути, па Microsoft требаше да ги претстави конкурентите, и тоа какви! конкуренти: Fallout 4, Forza Motorsport 6, Dark Souls 3, Tom Clancy’s The Division, Cuphead, Rise of Tomb Raider, но и куп други. Дел од најавите на Bethesda за Fallout 4, направија играта да се разликува од останатите. Првата модовите конечно пристигаат и на Xbox One, иако корисницте ќе треба да ги креираат на РС. Втората е Pipboy кој им е познат на љубителите на играта, односно уредот за проширена реалност кој протагонистот може да го користи да ја разгледа мапата, да ја види сопствената состојба или оклопот и оружјето кои ги носи. Fallout 4 ќе доаѓа со апликација која паметниот телефон го претвора во дополнителен екран.

Секако не треба да се заборави еден од хитовите на E3, Doom од Bethesda. Doom е култна игра уште од 1990-тите и од тоа што може да се види од демото се работи за навистина кул игра.

Покрај Microsoft и Bethesda, и Ubisoft успеа да привлече огромни аплаузи од публиката. Тие најавија нова MMO игра која ветува многу. Се работи за For Honor, за која немаме датум кога ќе се појави, но имаме интересно демо со витези и викинзи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии