Новите Apple Мaps се целосно промашување; го исушија Охридското езеро

<Ново за читање> Apple вработува поранешни Google Maps експерти за да си ги поправи мапите </ново за читање>

Со новиот мобилен оперативен iOS 6 доаѓаат и новите мапи на Apple. Идејата на Apple беше да ги откачи Google Maps кои беа на iPhone уште од 2007 година, во корист на своја апликација којa полесно ќе може да се интегрира во сите идни продукти. Добра замисла, но проблемот е што мапите се тотална утка.

Фиаското со мапата предизвика куп критики од корисниците ширум светот кои го надградија својот уред на новиот ОС. Аpple Maps не се толку лоши во САД, иако недостасува Статуата на Слободата и Бруклинскиот мост, но надвор од таа земја се навистина ужасни. Куп градови се изместени, а на мапата на Македонија не може да се најде ни Охридското езеро.

*Ти благодариме Горан Гајдук за сликиве.

Ок, можеби Македонија не е приоритет за Apple, но еве споредба на мапа на Токио помеѓу iOS 5 со Google Maps и iOS 6 со Аpplе Maps.

Според извор на Verge, Аpple работеле на мапите скоро 5 години и купувале мали компании кои развивале софтвер за мапи. Но, немале толку време за да ги направат целосно мапите, пример, недостасуваат информации за јавен транспорт, пребарувања за дестинации, погрешно ги толкува фармите со аеродроми и куп други утки.

Аpple вели дека ова им се први мапи и затоа корисниците треба да бидат пострпливи. Мапите постојано се подобруваат бидејќи се базирани на облакот, односно од крауд-сорсинг. Колку повеќе луѓето ги користат толку подобри ќе станат. Тоа е објаснувањето од Apple, за резултатите ќе треба да се почека да се видат.

Секако, својaта шанса ја искористи и Nokia која во блог пост рече дека „апликациите со мапи мора да бидат прецизни“ и дека не можат да се креираат преку ноќ, туку е потребно искуство. Што се однесува до Google, тие веднаш најавија надградба на Google Maps за Аndroid.

 

17 коментари на “Новите Apple Мaps се целосно промашување; го исушија Охридското езеро

  1. А бе…

    Despite their recent legal skirmish and dropping use of its memory chips, it appears that Apple still relies on its competing smartphone maker Samsung for a key part of the iPhone: The A6 processor, which iSuppli believes cost $17.50 to make. iSuppli's estimates, which include an $8 manufacturing cost but exclude things like software, licensing, and royalties, confirm what the market researcher had predicted in a virtual teardown last week.

    извор: http://off.net.mk/links/nabrzinka/5888

  2. Не ја разбирам потребата на луѓето толку жестоко да бранат или напаѓаат некој продукт, небаре поседуваат акции во Епл или во Гугл. Луѓе, олабавете и гледајте ја суштината. Епл сака да го откачи Гугл (бидејќи несомнено се конкуренти барем во областа на ОС за мобилни уреди). Поради тоа сака да биде целосно независен и да не користи битни сервиси од конкурентските компании. Проба да развие паралелни мапи, што според мене е голема стратешка утка, но доколку на корисниците на нивните уреди тоа им се допаѓа, не гледам причина да се исмеваме и вреѓаме. Во ред, продолжете да си ги коритите услугите и на едните и на другите и нема потреба од докажување, не е ова футбалска утакмица. Се работи за иновации и олеснување на секојденвниот живот. Дали е сега ова чекор назад, времето ќе покаже, не одредените навивачи на порталов.

  3. да многу сте глупи, купете си ајфон најдобриот прозивод на светот, има смс пораки се праќаат со него и многу е убав со јаболко е. јас сум најголем фан на епл сите сто немаат ајфон се љубоморни само, дуна се цареви исто и министерот што ни ја овозможи оваа чест да си купуваме ајфон и ние во македонија. само тоа со охрид што го нема како малце да се против македонија не чини.

  4. Смешно е како голем дел од фановите на Apple си ја бранат фирмата кога таа ќе извади лош производ. Користам iPhone и тотално сум разочаран од мапите. И да, НЕМОЖАМ да користам google мапи, зошто сите апликации направени според геолокација ќе ги користат мапите на iOS-от. Така на пример отварам FSQ и гледам интересно место, сакам да видам кај е, неможам пошто во Скопје ја има само обиколницата, па морам да ја запишувам адресата и да отварам Google Maps! А знаејќи ја философијата на Apple да прават продукти за и најголемите дебили да можат да се снајдат со нив, ова е тотална утка.

    И не очекувајте да се средат мапите преку ноќ, ќе пројдат месеци а и години додека достигнат барем дел од тоа што го има Google.

    Сето ова ми личи на избрзана ствар, само колку да се пушти нешто ново и да се тргне Google целосно од нивните продукти.

  5. Interesni ste kolku samo se zamarate za ovaa tematika osobeno ako e povrzana so Apple.
    Mnogu pak koristite google maps na telefon ili ovie sega na Apple, samo da se kaze nesto… big deal ke se opravi rabotata, sigurno nema da ostavat nedovrseno so ogled na porackata na noviot iPhone a vo kraen slucaj ke si ja prevzemat Google Maps aplikacijata i cao prijatno. i Google imase hikaps koga za prv pat izleze so mapite.

    Nokia ja fatija kako laze za kamerata na Lumia, Google kradel podatoci od Android korisnicite za svoi marketing celi, Samsung SIII mu eksplodira na eden korisnik vo raka, Apple ima nedovrseni mapi… se slucuva na sekoja golema kompanija i ke se opravi rabotata. Trpenie :),

    1. kolku za tvoja informacija S3 ne e eksplodiral na nikoj vo raka tuku tipceto go ima staveno vo mikrobranova a vo svetot iphone ima eksplodirano 7 pati i najrigorozno bese posledniot pat koga toa se sluci vo avion vo avstralija kade i se planirase zabrana za prodavanje na iphone! rascitaj se malku, a mislam deka i ovde na it.mk imase nesto vo vrska so toa!!!

  6. Ова е последица од судирот на желбите на менаџерите (за профит) и реалните можности на инженерските и техничките ресурси со кои располагал Apple. Сигурно некој нагоре по хиерархијата бил известен дека мапите не им се спремни, ама одлуката на менаџментот тежела повеќе од реалноста. Сигурно подобрените мапи ќе биде „големата новост“ во iPhone 6. :-)

  7. ajde dosta placete i kukate kako mapite ne vi bile dobri, kako ohrid i tokio vi gi nemalo "se isusile" dajte oladete malku. Dali ima nesto drugo sto moze da se pofali ili samo nesto da se pisuva i da se siri negativna propaganda. Apple maps se na baza na TOMTOM navigacioniot sistem ,dodeka google pravese mapi apple pravese IPHONE i go tresese svetot, telefon pravea i napravija eden od najposakuvanite telefoni na vekov. Ke vi se navodni i ohrid i tokio ne se sekirajte ,a dotogash poglednete nekoj drug grad pa potoa komentirajte

    1. Тотално ја утнаа работата. За жал крајниот корисник губи. Тотално не ме интересира дали е Том Том или некоја друга фирма. Apple се тие кои рекоа стоп за Google Maps. Зошто да фалам нешто што не е добро?

    2. phahahahah batko ti go isprale mozokot do kraj :D i so kradenjeto podatoci , sledenjeto , loshiot signal , falinkite da ne mozes da si stavis pozadina , alarmot koj kasneshe i iljadnici korisnici zakasnija na rabota , iCloud pasvordite objaveni na internet i sve?

      TomTom vo intervju gi ismea Apple deka ne znaat da gi koristat nivnite tehnologii , a Apple se izvadi deka potrebno e korisnicka poddrska za mapite da se podobrat i deka denovive ke bide podobro.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии