Новите 17 стартапи кои добија грантови од Фондот за иновации

Околу 95 компании се јавија на вториот повик на Фондот за иновации и технолошки развој, но само 17 добија грантови од 30.000 до 100.000 евра зависно за кој инструмент аплицираа. Фондот беше стартуван пред година и половина од Владата на Македонија, со позајмени пари од Светска банка, со цел да мотивира поголема иновативност помеѓу македонските компании. Грантовите се неповратни, но стартапите ќе треба да враќаат по 5 отсто од приходите во следните пет години за да ги вратат парите. Фондот учествува со 85 отсто од вкупниот буџет на проектот, и инвестира само во стартапи кои се помлади од шест години.

Поминаа веќе два повика во кои главно се инвестира во ИТ стартапи, иако има компании од различни индустрии. Веќе се инвестирани вкупно 1,3 милиони евра – 450.000 евра за 16 компании во првиот повик; и 870.000 евра во вториот повик – од кои 277.00 одат за 10 стартапи и 600.000 за седум проекти кои добија грантови за комерцијализација. Премиерот Никола Груевски се појави на настанот на кој се потпишуваа договорите за да најави дека за 2016-та година се одделени околу 2,6 милиони евра, а во 2017-та година тој фонд за иновации би се зголемил на 10 милиони евра. Но, иако г. Груевски е оптимист, работата на Фондот е да ги препознае вистинските проекти кои ќе го дигитализираат македонската економија, и кои ќе придонесат со иновациите. Фондот инвестира ексклузивно во компании кои ќе го таргетираат македонскиот пазар.

Ова се стартапите кои добија грантови до 30.000 евра. Нема многу детали за стартапите и нивните продукти бидејќи имаа само една минута да се претстават, или со две-три реченица да го опишат проектот. Некои ги знаеме, некои пак не постојат на интернет, а Фондот за иновации сè уште не ги излистал на својот сајт.

  • Maksolution Net за Vidict Media Server, сервер за стримање видео преку интернет.
  • Mobidonia е стартап кој нуди лесно креирање на мобилни апликации за iPhone или Android.
  • Tag Timing е стартап кој користи RFD чипови за мерење време на спортски трки и маратони.
  • Modular е одлична идеја за користење на 3Д принтер за персонализирани продукти. Се проширува во онлајн продавница за продажба на дизајнерски продукти.
  • Фабула Табула е едукативна платформа за креирање на игри за деца.
  • Vortech Media креираат Touch and Teach апликација за деца до 7 години со кои ќе ги развиваат моторните способности преку игра.
  • Алиментос развива онлајн платформа за трговија со храна на големо.
  • Ice Technology е стартап кој сака со 3Д принтер да изработува ледени скулптури за забавни настани.
  • Инерактив Гејминг работи на систем за процесирање и рангирање на онлајн бизнисите. Налик на Yelp, но наместо корисници, рецензиите одат преку алгоритам.
  • Gordian Systems работат на паметни сензори кои ќе ги следат однесувањата на постарите лица и инвалидите за да им понуди подобра нега.

Што се однесува до компаниите кои аплицираа за инструмент на кофинансирани грантови за комерцијализација, беа доделени околу 600.000 евра на седум компании од разни индустрии, но сите се бават со некој вид на технологија. Некои од овие компанија добија грантови од 100.000 евра. Тоа се:

  • Металотехника Скопје за креирање на изолација со нано технологија.
  • Иновејшн за креирање на EKG сензори, за следење на работата на срцето.
  • Акрон за изработка на платформа за рециклирање.
  • Био-инженеринг за изработка на системи за прочитување на отпадна вода со микро-биологија.
  • Геосонд за креирање на модуларна машина за геолошки дупчења и пробивања за тунели.
  • Фарма-биоаква за производство на погони за здрава храна.
  • Ни текна за синхрона музичка друштвена мрежа преку повеќе уреди.

3 коментари на “Новите 17 стартапи кои добија грантови од Фондот за иновации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии