Од неодамна Тwitter направи поголеми промени во самиот интерфејс и постепено беше овозможено за сите корисници (мислам дека и сите од Македонија веќе го имаат). Со ова Тwitter сакаше да ги поедностави работите, се да биде на дофат т.е. на еден клик, колку што е можно да ве задржат на самиот веб, а не на други апликации.

Прво нешто што се забележува е дека е целосно поширок, главно поради десниот дел кој сега е скоро како и главниот дел со твитовите. Десниот дел е сега е транспарентен (75%). Со ова на многумина кои имаа позадина адаптирана и специјално дизајнирана за стариот, можеби на новиот им се растурила и ќе мора да направат нова. Но, затоа ќе ви помогнам подолу. Да почнеме со ред.

Со новиот мини хедер или бар залепен најгоре имате брз пристап до пребарувањето, вашиот профил, пораките и опциите. Најдесно е најкористеното нешто во Twitter, а тоа е иконката за нов твит.

Левиот панел има малку измени, но во секој случај доста корисни и функционални. Значи, левиот панел е стандардниот тајмлeјт со твитовите кои лесно може да ги менувате со омилените, тие што ги следите, тие што вас ве следат, како и вашите креирани листи. Пример, лесно може да видите тие што ве следат, дали ги следите и вие и обратно.

Информациите за секој профил сега ви се лесно достапни, како и целата конверзација поврзана со одреден твит на некој што го следите, само кликате на стрелката на десно, односно на малото бело облаче. И да, освен Twitter псевдонимите ги имате и вистинските имиња на твитерџиите.

Десниот панел е стариот панел кој е само посреден и проширен. Значи краток преглед на листите, трендовите, препораките кој да следите и сл.

Можеби една од најкорисните нови работи се кратенките на тастатурата. Само со “t” ретвитате, со “j” и “k” имате навигација помеѓу твитовите, одговор имате со “r” и многу повеќе.

Веќе го нема копчето Show More најдолу, сега автоматски се полни листата со постари твитови.

За оние што не користеле други Twitter декстоп и мобилни апликации како Tweetdeck, Saezuri, Seesmic и многу други, сигурно најинтересно е што сега сликите и видеата се инкорпорирани во самиот твит. Не морате да ги отворате во прелистувач.

Сега кога сакате да твитнете на некого или да пингате доволно е само да почнете да го пишувате името нормално со @ и после првите неколку букви ќе имате листа од која бирате.

Тоа би било на кратко за новите измени, повеќе од аспект на функционалност, се надевам дека ви помогнав, иако целиот интерфејс е прилично интуитивен и лесен за користење.

Сега повеќе за дизајнот, односно најмногу за вашата твитер позадина.

Верувале или не ако користите монитор со резолуција од 1024 х 768 имате „слободен“ простор од само 40 пиксели лево и 30 пиксели десно. Значи простор за дизајн скоро и да не постои, бидејќи десниот панел зафаќа 380 пиксели.

На 1280 х 1024 просторот лево и десно е попропорционален и имате 105 и 103 пиксели и десен панел од 500 пиксели (што е всушност максимумот). Резолуцијата која моментално ја користам 1680 х 1050 нуди простор од 265 х 263 пиксели, лево и десно. Веќе оптимален простор за дизајн и повеќе инфо за вас.

И за крај, ако погледнете внимателно ќе видите дека самата структура на новиот дизајн го користи Златниот размер како правило (перфектен размер), за кое пишував претходно.

Aко сте од оние ретки кои не ме следат на Твитер, мислам дека е време да кликнете Follow на следниот линк. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии