Новиот телефон на Xiaomi – Mi Mix е еден од поубавите мобилни кои сте ги виделе

Image courtesy of Mi

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi вчера претстави нов телефон Mi Mix и сите се воодушевени од неговиот дизајн. Дизајнер на уредот е Филип Старк, а овој пат резултатот е одличен. Она што е најимпресивно е што иако Mi Mix изгледа на концепт телефон, ќе биде достапен во продажба.

xiaomi-mix-02

Она што го разликува телефонот од конкуренцијата е дисплејот кој зазема најголем дел од предната страна. Дури 91.3 отсто од телефонот е дисплеј, ова е овозможено со тоа што телефонот има најтенка рамка околу дисплејот кој е до самиот горен раб. За дизајнот мораше да се разместат дел од стандардните елементи. Интересно е што ова е втор телефон кој се обидува да го „освои“ целиот екран овој месец, отако Sharp го претстави концепт телефонот Concept R.

mi_mix_07-0

Предната камера е поместена во долниот десен агол на телефонот. Дополнително мораше да биде остранет и звучникот. Наместо стандардните звичници Mix ќе доаѓа со пиезоелектричен звучник, а за рaстојаниетo сега ќе се користи ултразвучен сензор.

Спецификациите најверојатно се очекувани. Ниту еден од новите „flagship“ телефони речиси и да не се разликува од конкурентите, иако телефоните на Xiaomi доаѓаат со батерии со значителен капацитет.

  • 6.4-инчен 2040 x 1080 екран
  • Qualcomm Snapdragon 821 процесор
  • 4 GB RAM и 128 GB простор или 6 GB RAM и 256 GB UFS 2.0 слободен простор
  • 4.400 mAh батерија
  • главна камера од 16MP и помошна од 5MP

Телефонот ќе биде достапен од 4 ноември и ќе чини околу 515 долари за основната верзија, односно 590 долари за поексклузивниот модел. Во Македонија телефонот ќе биде достапен во Hi Store, а пристига во втората половина на ноември. Цените на Mi Max во Hi Store ќе бидат објавени подоцна.

mi-mix

1 коментар на “Новиот телефон на Xiaomi – Mi Mix е еден од поубавите мобилни кои сте ги виделе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии