Новиот телефон на LG, G8 ThinQ се отклучува со скенирање на дланката

Дејан Соколоски

во Вести, Мобилни

Новиот флегшип телефон на LG, G9 ја скенира раката на својот сопственик за да се отклучи. Досега сме виделе скенирање на отпечаток од прст или лик, но никогаш претходно скенирање на рака. Слоганот со кој компанијата го рекламира овој телефон е „Вашата рака е лозинката“. Секако ова повеќе наликува на маркетинг трик отколку на корисна функционалност. Можеби затоа на телефонот се оставени функционалностите за отклучување со лик и отпечаток од прст.

Телефонот се отклучува и со скенирање на ликот, но ако корисникот ја постави дланката пред телефонот има целосно биометриско отклучување. Сензорот може да препознае и анализира многу податоци од изгледот и формата на дланката, сензорот може да ги анализира и дебелината и останатите индивидуални карактеристики на вените во дланката, вели Ars Techinca. Дополнително, со овој сензор можно е и да се даваат команди на телефонот.

Што се однесува до дизајнот, LG G8 ThinkQ е едноставен со неколку одлични избори при дизајнирањето. Читачот на отпечатоци е на задната страна на телефонот. Тука се наоѓа и тројна камера, за разлика од добар дел на новите телефони камерата/камерите се рамни со задниот дел на телефонот.

Условно, веројатно најголемото изненадување е звучникот кој на во овој телефон е заменет со екранот. Дизајнот на дисплејот на G8 овозможува преку вибрации да се генерира звукот на слушалката. Целиот дисплеј вибрира за креирање на звук што го заменува звучникот. На телефонот е додадено и посебно копче за активирање на Google Assistant.

Што се однесува до остатокот на хардверот, речиси секој понов флегшип телефон доаѓа со слични, ако не и исти спецификации. LG G8 ThinQ доаѓа со: Snapdragon 855 процесор; 6GB RAM, 64GB или 128GB простор. Екранот е 6,1-инч 3120×1440 OLED, а батеријата 3 500 mAh.

Засега нема податоци ниту за цената, ниту за датата од која телефонот ќе биде достапен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии