Новиот Surface нема да биде таблет компјутер?

Новиот уред од Surface серијата на Microsoft нема да биде таблет компјутер, туку all-in-one десктоп, вели The Next Web. Доколку шпекулацијата се покаже како точна тогаш Microsoft ќе ги копира Apple, кои освен iPad таблетите, ги произведуваат и iMac компјутерите. Единствена причина поради која досега не сме виделе десктоп компјутер од Microsoft е определбата на компанијата да почека на новите Kaby Lake процесори од Intel.

Пазарот на десктоп и лаптоп компјутери е во пад веќе неколку години, и влезот на Microsoft нема да ја промени состојбата на пазарот. Најголеми конкуренти на пазарот за сѐ-во-едно компјутерите на Microsoft ќе им бидат Lenovo и Apple кои продадоа најголем дел од 14 милиони компјутери од оваа класа минатата година.

Единствена технологија која би можела да му помогне на Microsoft за зголемување на продажбата е HoloLens, па можеби токму ова покрај чекањето за Kaby Lake е причината за одложување на првиот сѐ-во-еден компјутер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии