Новиот Surface Book 2 е одличен лаптоп, но секогаш може подобро

Лапотопот на Microsoft,  Surface Book 2 без сомневање, e еден од најдобрите Windows лаптопи. Иако за цената за која доаѓа, ова не треба да биде никакво изненадување. Првите прегледи на Surface Book 2 велат дека уредот може да се спореди со MacBook Pro.

Microsoft засега издаде два модела, 13,5-инчен и 15 инчен. Помалиот 13.5-инчен уред е новитет за Surface Book серијата.

Хардвер

Microsoft Surface Book 2 доаѓа со 15-инчен екран на допир со резолуција 3.240 х 2.160 и 260 ppi или со 13.5-инчен 3.000 х  2.000 (267 ppi) дисплеј.

Петнаесет инчниот модел доаѓа со:

  • Intel  Core i7-8650U;
  • Intel UHD Graphics 620 + NVIDIA GTX 1060 со 6GB GDDR5;
  • 16 GB RAM;
  • 256 GB или 1 TB SSD;
  • 2x USB 3.1 generation; 1х Type-A; 1х USB 3.1 generation и 1х Type-C
  • Задна камера 8MP ауто-фокус, 1080p видео;
  • Предна камера 5MP, 1080p видео, инфраред препознавање на лик.

Цената се движи помеѓу 2.500 долари за основниот модел, до 3.300 долари за ексклузивниот модел.

Графичката картичка најверојатно е најимпресивниот дел на хибридот. Решението кое го овозможува ова, е сместување на дискретната графичка картичка во тастатурата.

Тринаесет инчната верзија има поголема флексибилност и има повеќе верзии:

  • Процесор од Intel Core i&-7300U до Core-i7-8650U;
  • Intel UHD Graphics 620  или Intel UHD Graphics 620 + NVIDIA GTX 1050 со 2GB GDDR5;
  • 8 или 16 GB LPDD3 RAM
  • 256 GB или 1 TB SSD
  • 2x USB 3.1 generation; 1х Type-A; 1х USB 3.1 generation и 1х Type-C
  • Задна камера 8MP ауто-фокус, 1080p видео;
  • Предна камера 5MP, 1080p видео, инфраред препознавање на лик.

Цената на 13.5-инчниот уред се движи од 1.500 до 3.000 долари.

„Како таблет Surface Book 2 е речиси комично голем, но сепак е доволно лесно да го држите, а тежок е како графичка новела со тврди корици.

Лаптопот сè уште доаѓа со одлична тастатура, со доволен од на копчињата и прецизен тачпад“, пишува Engadget.

Таблетот овозможува 17 часа работа додека корисникот гледа видео, а се чини дека може да помине и повеќе од ова.

Image courtesy of Microsoft

Што се однесува до перформансите, Surface Book 2 е подобар од останатите лапотопи со кои го спредуваше Ars Technica. Уредот помина подобро на сите тестови, од Geekbench 4 за едно јадро и повеќе јадра, до Cinebench и тестовите на прелистувачите. Сепак, не се само добри вести. Освен превисоката цена, лапотопот има недоволно порти, нема Thunderbolt 3, а и докот може да напојува до 90 W, ова и не би било проблем ако Surface не повлекува 95 W при најголемите оптоварувања.

„Ако го ја цените можноста да го користите Surface Book 2 како таблет и можноста да се трансформира со едноставно откачување на екранот, тогаш новиот уред ќе ве служи одлично. Ако мора да имата 15-инчен таблет, со дискретна графичка картичка, со одлични перформанси, Surface Book 2 има повеќе од доволно“, пишува Ars Technica.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии