1 коментар 2 мин. читање 9 октомври, 2019

Новиот PlayStation е „5“, но ќе треба да почекате

Ако се надевавте дека играта која ја чекате со нетрпение ќе биде следна генерација и ќе може да ја играте на следната генерација на конзоли, веројатно не сте во право. Sony го објави период во кој ќе излезе следната генерација на PlayStation – празници 2020.

Најважно е што до тогаш има повеќе од една година. Ова значи и дека куп импресивни наслови на видеоигри ќе излезат на сегашната конзола.

Најголемата промена најавена овојпат е надградбата на контролерот. На место на досегашните „вибрации“ контролерот на PlayStation 5 ќе доаѓа со „haptic feedback“. Ова ќе овозможи различни „ефекти“ во текот на играњето, на пример удар во некој објект може да биде различен од ефектот ако некој пука во играчот. Со сегашниот ефект единствена разлика е јачината на вибрациите. Втора надградба е на L2 и R2 копчето. Таму сега ќе може да се промени отпорот. Па девелоперите ќе можат да го користат за поголем отпор, на пример колку повеќе повлекувате со лак и стрела или ако возите низ камења.

Поголема надградба е најавата за замена на традиционалниот харддиск со SSD. Ова секако значи побрзо вчитување на игрите и на различните зони, а со тоа и поголема имерзија во светот на играта.

Повеќе податоци за новата конзола и за игрите кои може да ги очекуваме ќе бидат објавени како што се приближуваме до датата на излегување.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top