По подолг период шпекулации, конечно имаме некакви официјални податоци за телефонот на Google, Pixel. Pixel 2 би требало од биде достапен веќе во следните месеци. Податоците доаѓаат од документите кои HTC ги поднесе за помалиот од двата телефони, до Федералната комисија за комуникација.
Дизајнот на телефоните е на Google, а како и со претходните Pixel модели, производството е на HTC, јави Verge. Телефонот доаѓа со Snapdragon 835 или Snapdragon 836 процесор. Можеби најзабележително е додавањето на нова гестикулација. Гласовниот асистент на Google ќе може да се активира и кога корисникот ќе го стисне телефонот. Станува збор за нова „Active Edge“ технологија која ќе биде достапна со новиот уред.
Засега телефонот се тестира со Android 8.0.1 оперативен систем, а секако до излегувањето ова ќе се промени, вели Android Police.

Image Reddit // https://www.reddit.com/r/Android/comments/6tw46x/is_this_the_pixel_2_fcc_docs/
HTC поднесе документи единствено за помалиот модел, па документите не ја демантираат шпекулацијата дека поголемиот модел овојпат доаѓа од LG. За ова нема официјална потврда, а претходнo двата Pixel модели беа произведени од HTC.







