Новиот Nexus телефон и паметните часовници ќе бидат изработени од Google?

Дали Google конечно ќе стане производител на телефон? Компанијата за својот Nexus уред соработуваше со другите производители како LG, но сега извештаите на повеќе медиуми велат дека компанијата работи на повеќе свои паметни уреди, телефони и часовници. Телефоните ќе бидат издадени уште оваа година со Google кој ќе има контрола врз дизајнот, хардверот, производството и софтверот, јави Telegraph. Заедно со уредот, ќе бидат достапни и куп сервиси од Google, најверојатно Project Fi и слични услуги.

Креирањето на паметни телефони ќе му овозможи на Google да имаат повеќе контрола врз минималните спецификации и дизајнот. Компанијата се обиде да го направи ова со Android One, но за жал овој обид заврши без успех. Најверојатно најголемата придобивка од телефони од Google ќе биде брзата надградба на оперативниот систем, и брзата реакција кога треба да се затворат безбедносните пропусти. Освен ова Google ќе биде во можност да понуди најдобро Android искуство на своите телефони, вградувајќи погоден хардвер, но и со обликување на софтверот да биде оптимизиран за овие телефони.

Интересно Google го има Project Ara како паметени телефон, иако засега нема најава за негови излегување, а компанијата најави дека сака за модулите за овој телефон да соработува со повеќе партнери. Она што е потенцијална опасност за Google е одговорот на партнерите и потенцијалното незадоволство. Сепак не е веројатно дека и Google е задоволен од соработката на дел од партнерите кои сега во соработка со Microsoft ги инсталираат апликациите на оваа компанија.

Она што поверојатно е влез на Google на пазарот за паметни часовници. Компанијата наскоро ќе издаде два паметни часовници, кои најверојатно ќе доаѓаат под Nexus брендот, јавува Android Police.

Едниот од двата часовника кој ќе биде ексклузивен модел ќе доаѓа со повеќе функционалности LTE, GPS, срцев монитор; а другиот часовник ќе биде помал, најверојатно и поевтин и ќе мора да се поврзе со телефон за да нуди слични функционалности.

Засега нема потврда од Google за вистинитоста на овие податоци, ниту има некој поверодостоен доказ кој ќе нѐ убеди дека Google ќе стане производите на телефони и часовници. Можеби подеднакво интересно е дали одделот кој ќе ги произведува овие уреди ќе остане дел од Google или ќе се оддели како посебна компанија. Дополнително издавањето на хардвер, секако нема да помине без зголемен интерес од европските регулатори кои и онака ја обвинуваат компанијата за злоупотреба на положбата која ја имаат на пазарот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии