Новиот Nexus таблет ќе го изработи Huawei

Дејан Соколоски

во Свет, Хардвер

Google и Huawei работат на нов 7-инчен таблет компјутер. Уредот треба да излезе до крајот на годината и ќе го произведе Huawei. Претходниот Nexus 7 го произведуваа Asus.

Новиот таблет ќе доаѓа со 4GB RAM, јавува Verge. Засега нема официјална потврда од Google. Сепак ако некакви вести доаѓаат со сигурност, тоа е дека Google ќе ја ребрендира Nexus серијата во Pixel и Pixel XL. Една од шпекулациите за промена на името вели дека Nexus ќе го промени името бидејќи производителите ќе можат да го променат интерфејсот. Сепак овие уреди и понатаму ќе бидат најдобрите, бидејќи Google ја прави надградбата, па Nexus е далеку побезбеден.

Таблетот ќе доаѓа со Android N и можно е да биде еден од првите уреди со непроменет Android Nougat. Засега нема најава за хардверот, но следниот месец на 4 октомври се очекува презентација на Google, а тогаш ќе дознаеме повеќе.

Новиот таблет ќе треба да дојде на местото на Nexus 7. Таблетот беше супер популарен, а по неговото повлекување, на пазарот остана дупка на ова место. Nexus 7 беше супер евтин, а хардверот беше одличен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии