Новиот Nexus 7 ќе се продава по цена од 230 долари; се појавија и првите бенчмаркови

Новиот Nexus 7 доаѓа со Android 4.3 и почетна цена од 230 долари. Како и предходната верзија, и оваа ќе се продава во две варијанти од 16 и 32 GB. Според рекламите новиот Nexus е замислен како таблет компјутер кој е наменет за landscape-положба.

Иако таблет компјутерот сè уште не е во продажба, Android Police сподели видео од бенчмарк тест кој покажува дека Nexus 7 има подобрување во сите делови, но изгледа дека најзабележителни ќе бидат графичките подобрувања. На AnTuTu бенчмарк тестот новиот Nexus 7 постигна резултат од 19.883, што е речиси колку HTC One, но значително помалку од Galaxy S4 со резултат 29.914. Претходната верзија на Nexus 7 на Ice Storm Extreme тестот има резултат од 1.877, а новата верзија 7.188, што ги оправдува очекувањата дека, барем графички, новиот уред ќе биде далеку подобар.

[youtube]PO2ZsvwRMuY[/youtube]

Таблетот доаѓа со 1920х1200 дисплеј со 323 ppi екран. Процесорот е 1,5 GHz Qualcomm Snapdragon Pro и Adreno 320 графички процесор. Покрај ова има 2 GB RAM и слободен простор од 16 или 32 GB. Цената на 32 GB верзија е 270 долари. Оперативниот систем со кој доаѓа таблетот, Android 4.3, ќе биде најавен подоцна.

Се очекуваше дека цената на новиот Nexus 7 нема да биде премногу ниска за Google да профитира од популарноста на уредот, но очекувањата се покажаа погрешни. Иако цената на таблетот е 30 долари повисока, сепак во споредба со досегашната минимална верзија доаѓа со подобaр дисплеј, процесор и повеќе слободен простор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии