Новиот најбрз суперкомпјутер е во Јапонија и веќе се користи во борбата против коронавирусот

Дејан Соколоски

во Вести

Трката за најмоќен суперкомпјутер веќе долго е помеѓу САД и Кина. Двете држави се менуваат со бројот на суперкомпјутери на листите топ100 најмоќни и на првото место се чини отсекогаш имало суперкомпјутер лоциран во некоја од овие две држави. Но не повеќе!

Со моќ од 415,53 петафлопи титулата новиот најбрз суперкомпјутер се „пресели“ во Јапонија.

Новиот најбрз суперкомпјутер е Fugaku, и тој се наоѓа во Кобе, Јапонија во државниот институт Riken. Fugaku извршува 2,8 пати повеќе пресметки во секунда од суперкомпјутерот на IBM во лабораторијата Oak Ridge во Тенеси. На трето место на оваа листа на суперкомпјутери е компјутерот во националната лабораторија во Lawrence Livermore.

Една од примените на Fugaku е испитување и дијагноза на Ковид-19. Компјутерот прави симулации за тоа како капките се распространуваат во простории со прегради или во простории со отворени прозорци.

Брзината со која суперкомпјутерите ги прават пресметките ги промовираат во исклучително важна алатка во симулациите кои ги прават научниците во своите истражувања. Претходникот на Fugaku, К-supercomputer беше прв на листата во 2011, но оттогаш на првото место се компјутери од САД и Кина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии