Новиот мини компјутер од ASUS, доволно моќен за 4K-видео

Tinker Board е мини компјутер од ASUS кој треба да биде замена за Raspberry Pi. Компјутерот на ASUS е многу помоќен па соодветно на тој факт ќе биде наменет и за проекти кои бараат поголема искористеност на компјутерот. До сега како општ впечаток е дека самиот Raspberry Pi е повеќе од доволно моќен за оние со хоби да прават свои хардверски проекти. Овие перформанси на Tinker Board секако и чинат повеќе, па компјутерот е скоро двојно поскап од Raspberry Pi, и неговата цена е 68 долари.

Хардверот на Tinker Board, најверојатно и ја оправдува повисоката цена:

  • Четири јадрен 1.8GHz Rockchip Cortex-A17 процесор
  • 2GB Dual channel LPDDR3 меморија
  • Gigabit LAN and Bluetooth 4.0 + EDR
  • 802.11 b/g/n Wi-Fi
  • 4x USB 2.0 ports
  • 40-pin приклучок со 28 GPIO пинови
  • 1x 3.5mm аудио приклучок
  • CSI порта за камера
  • DSI порта со поддршка за HD резолуција
  • 1x HDMI 2.0 порта со поддршка за 4K резолуција
  • Micro SD со UHS-I поддршка
  • Debian OS со KODI
  • Напојување: 5V/ 2A Micro USB (не е вклучено)

Tinker Board работи со модифициран Debian Linux, и поддржува Kodi за стриминг. Интересно е што иако поддржува 4К видео микро-компјутерот од ASUS всушност нема да може да репордуцира H.264 и H.265 видеа. Tinker Board е наменет за ентузијастите кои креираат IoT уреди, иако најверојатно не им е потребен волку моќен компјутер.

Конкуренцијата на пазарот на мини и микро комјутери постојано се зголемува. Иако постојано излегуваат нови компјутери, споредбата секогаш е со популарниот Raspberry Pi.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии