Новиот MacBook Air и Mac mini се изработени од рециклиран алуминиум

Може да ги сакате или да ги мразите, но одлуката на Apple да биде одговорна компанија кога чистата околина е во прашање секако е за поздравување. Пред половина година, во април, компанијата објави дека потребите за електрична енергија во целост ги задоволуваат од обновливи извори. Сега компанијата отиде уште еден чекор подалеку, новиот MacBook Air и Mac mini се изработени од рециклиран алуминиум.

Ова не значи дека компанијата започнала да купува лименки и да ги рециклира. Новите уреди се изработени од рециклирани стари компјутери од Apple. Компанијата дизајнираше нова легура од алуминиум за уредите во која се користат остатоците од производствените процеси. Дополнително, Apple објави дека не само производствени постројки, туку и продажните салони сега користат електрична енергија од обновливи извори.

Сепак не е сѐ баш позитивно како што изгледа. Verge има интересна забелешка; за да придонесе со намалување на загадување Apple би можел и да направи уреди кои се поедноставни за сервисирање. Секако тоа би значело и отворање на сервиси и во салони/сервиси кои не се под Apple. Компанијата долго време го намалува користењето електрична енергија од загадувачи, но би можеле да се отворат и за сервисирањето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии