MacBook Air сега има малку побрз процесор и е за 100 долари поевтин

Дејан Соколоски

во Хардвер

Apple ја претстави следната генерација на MacBook Air лаптопoт, пишвuа порталот Verge. Сепак доколку се надевате дека тоа ќе бида 12-инчен Retina MacBook кој ќе биде потенок од претходникот и ќе доаѓа без бучниот вентилатор, ќе мора да почекате. Новиот MacBook Air е В варијанта на MD760LL/A кој доаѓа со последната верзија на Haswell процесорите од Intel, односно со 1.4Ghz i5 процесор, наместо досегашниот 1.3.

Иако процесорот е само малку подобар, најголемата новина е дека Apple ja намали цената за 100 долари. Сега MacBook Air од 11-инчи се продава за околу 900 долари, додека 13-инчната верзија е 1.000 долари. Останатиот хардвер останува ист 128GB диск и 4GB RAM; резолуцијата останува на 1.440×900; графичката e Intel HD 5000; и доаѓа со Thunderbolt и USB 3.0 портови.

Според аналитичарот Минг-Чи Куо, до крајот на годината Apple ќе излезе со нова поатрактивна верзија на MacBook Air со Retina дисплеј и Intel процесор, сепак за овој лаптоп корисниците најверојатно ќе треба да почекаат до треттото или четврттото тримесечие.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии