Новиот M1 процесор од Apple може да биде сериозна конкуренција на AMD и Intel

Дејан Соколоски

во Хардвер

Image courtesy of Apple

Apple оваа недела одржа настан на кој ги презентираше можностите на новиот M1 процесор наменет за Mac. Покрај ова компанијата најави нова серија на Mac компјутери кои за првпат доаѓаат со процесор дизајниран и изработен од Apple.

Apple за првпат официјално го најави ARM процесорот, Apple Silicone на WWDC конференцијата во јуни. А сега, по 15 години Intel процесори компанијата се префрли на сопствените ARM процесори.

М1 процесорот е најнова верзија на процесорот кој Apple започна да го користи во iPad. Веќе неколку генерации процесорот на Apple е конкурентен со процесорите за лаптоп, а Apple ова и го официјализира со iPad Pro. Оваа генерација на процесорите би можела да биде предизвик и за најмоќните процесори на Intel и AMD, вели Anand Tech.

Засега нема премногу податоци за архитектурата и за самиот процесор, но неколку слајда од „One More Thing“ настанот им овозможија на експертите барем да теоретизираат. M1 е првиот 5nm-чип за компјутер.

М1 доаѓа со 4 Firestorm јадра, ова се јадрата кои процесорот ги користи за „потешките“ операции и имаат подобри перформанси. Овие јадра доаѓаат со 12MB L2 кеш меморија. Од другата страна на плочката се 4 Icestorm јадра си 4MB L2 кеш наменети за поефикасно работење. На овие јадра им се додадени и 8 графички јадра со перформанси од 2,6 teraflops. Порастот во перформансите е значителен, па новиот процесор е може да биде до 3,5 пати побрз во однос на процесорите од претходната генерација на Mac. Компанијата отиде и чекор понатаму и ветува дека M1 е најбрзиот процесор.

Но надградбата не е единствено во перформансите. Она што можеби е поголемо изненадување е што перформансите не се на штета на ефикасноста. Apple вели декa М1 процесор со најдобри перформанси по ват, и за споредба на 10 W има двапати подобри перформанси од x86 лаптоп.

Новиот процесор е поштедлив и овозможува 18-часа гледање видео, или 15 часа „сурфање“ на интернет помеѓу полнењето (Споредбата е направена со MacBook Air).

Еден од недостатоците е потребата за целосна преработка на софтверот. Новиот процесор е со ARM архитектура што значи дека апликациите повеќе нема да функционираат и девелоперите ќе треба да ги прилагодат. Apple го нуди Rosetta 2 софтверот за транзиција, додека апликациите не се прилагодени за новите процесори. Добра вест е дека апликациите кои се за iOS и iPad OS може да се користат и на Mac.

На конференцијата се најавени и првите лаптопи со новите процесори MacBook Air и 13-инчниот MacBook Pro. Продажбата е веќе започната, а испораката започнува следната недела. Првите независни тестови може да ги очекуваме наскоро и веројатно тие ќе бидат уште поинтересни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии