Новиот LaFerrari доаѓа со интегриран Siri и iPad Mini

LaFerrari, првиот хибриден автомобил на култната италијанска компанија, ќе го користи Siri на Apple како интегриран гласовен асистент и има два iPad Mini таблет компјутери вметнати во седиштата за да се користат како мултимедијални центри со пристап до апликации, игри и видео содржина.

Сите 499 примероци од неверојатниот LaFerrari се веќе продадени за по 1 милион евра. Но, ќе имате можност да купите Ferrari со Siri и iPad-и. Директорот на Ferari, Лука Ди Монте најави дека соработката со Apple ќе биде „попрецизна и поширока“ во идните модели. Во бордот на Ferrari сега е и членот на бордот на Apple, Еди Кју кој е задолжен за Apple Maps и Siri.

Apple уште во ноември ја Siri Eyes Free функционалноста која ќе им овозможи на возачите да комуницираат со говорниот асистент без потреба да тргнат поглед од патот или да ги тргнат рацете од воланот. Оваа функционалност работи преку Bluetooth конекција, а производителите на автомобили имаат опција да вметнат копче за Siri во самиот волан.

[youtube]iRsV6YpLsKA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии