Новиoт iPhone има прoблем со полнењето

Дејан Соколоски

во feature, Мобилни

Image courtesy of Apple

Новите телефони на Apple, iPhone XS и XS Max имаат проблем со полнењето. Ова не се однесува на сите телефони, но дел од уредите имаат проблем.

Претходниот iPhone X нема никакви проблеми со полнењето, но дел од новите уреди мора да бидат со вклучен екран кога се полнат. Ако нема активност и телефонот се префрли на „idle“ прекинува да се полни. Ова секако не е добра вест за купувачите на телефонот, но ниту за Apple.

Проблемот важи исклучиво за корисниците кои го полнат телефонот преку кабел. Со бежично полнење уредот се полни без проблем. Проблемот за корисниците без бежично полнење е секако кога батеријатаа на телефонот сосем ќе се испразни, и нема да можат да го наполнат.

Компаниајта засега не излегла со официјален став, иако најверојатно може да го очекуваме наскоро. Unbox Therapy тестираше 9 телефони на својот видеоблог и резултатите се лоши.  Дел од телефоните не се полнат со исклучен екран, а еден од деветте телефони не се полнеше ниту со вклучен екран.

Проблемот го забележале и добар дел на корисници на iPhone, а на страницата на формумот темата е веќе „долга“ 21 страница.

Нејасно е дали станува збор за хардверски или софтверски пропуст, а и што е причина за проблемот. Најверојатно ова ќе остане вака се до официјалното соопштение од Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии