Новиот iPhone 5 ќе стигне во септември, наскоро ќе има и поефтини верзии на iPhone

Според нив уредот ќе работи на А5 процесор кој е помоќен од тој додаден во iPad 2, и ќе има 8 мегапиксели камера за разлика од 5 пикселната на iPhone 4. Се спрема и нова верзија на iPad која ќе е со екран со висока резолуција налик на Retina екранот на iPhone 4.

Според друг извештај, пак, тој на Boy Genious, iPhone 5 ќе се појави во август и ќе биде драматично променет во дизајнот, најверојатно екранот ќе биде од еден до друг крај или ќе има само тенки рабови од маската која го држи екранот. За жал нема слики од новиот дизајн.

Навраќајќи се на текстот на Bloomberg, бизнис весникот пишува и дека се работи на поефтини верзии на iPhone наменета за публиката во земјите во развој. Овие уреди ќе користат чипови и екрани со сличен квалитет на денешниов iPhone 4, што и не звучи воопшто лошо бидејќи поголем дел од новите паметните телефони не се ни блиску квалитетни како iPhone 4. Но се зависи што Apple подразбира под „поефтина“ цена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии