Покрај мулти-таскингот (работење на неколку апликации истовремено) новиот iPhone 4.0 ОS ќе има и фолдери за организирање на аликациите, ќе има подобрен мејл со унифициран инбокс, менаџмент на мобилни уреди, бежична дистрибуција на апликации, како и нова iAd платформа за мобилни реклами и iBooks читач.

iPhone 4.0 ОS ќе се појави летото со следниот iPhone 3GS и третата генерација на iPod. Во меѓувреме девелоперите ќе имаат пристап до 1.500 нови интерфејси за апликации (API)кои ќе бидат подржани од овој оперативен систем. iPhone 4.0 OS на есен ќе се појави и за iPad.

1 коментар на “Новиот iPhone 4.0 ОS со мулти-таскинг

  1. Значи, iPhone-от и iPad-от отсекогаш поддржувале multitasking (повеќе процеси кои се извршуваат конкурентно). Сега, на Стив Џобс му текна да ја смени дефиницијата (често го прави тоа нели..) на тој поим, во повеќе апликации кои се извршуваат 'во преден план' (foreground).

    До пред 4.0 ова не беше можно. Зошто? Можеби оти немале window management или некаков систем за менаџирање на 'упалените' апликации, или пак оперативниот не бил оптимизиран за поголеми побарувања, или пак бидејќи iPhone-от нема swap датотека, нема хард диск, и само една меморија од 256 мега на која работи оперативниот систем – што е малку нели?

    И пример, т.е. доказ, дека и досега поддржувал multitasking (па и во дефиницијата на Џобс) е музичкиот плеер. Само што таа привилегија ја имала апликација направена од страна на Apple а не third party.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии