Новиот iPad Pro е супер моќен и супер скап

Дејан Соколоски

во Хардвер

Apple оваа недела ја претстави новата верзија на својот најмоќен таблет компјутер iPad Pro. Новата верзија доаѓа со поддршка за 5G мрежа, нов 12,9-Liquid Retina XDR екран и секако новиот супермоќен M1-чип.

Сите надградби секако се добредојдени, но додавањето на новиот процесор е клучно. Apple последните неколку години го нуди iPad Pro како конкуренција на лаптопите, па моќен процесор тука помага навистина. Новиот 8-јадрен процесор нуди 50 отсто подобри перформанси во споредба со претходниот A12Z Bionic процесор, а графичкиот процесор сега има 40 отсто подобри перформанси.

„Револуционерниот М1-чип е голем исчекор за Mac, а сега сме возбудени што го додадовме и на iPad Pro“, вели Грег Јосвиак од Apple.

Иако една од рекламните поенти е дека таблетот е моќен речиси како Mac дел од предностите како преносливоста се клучни. Ова најлесно се забележува со новиот LIDAR сензор кој овозможува прецизно 3Д-скенирање на околината. Оваа преносливост е најголемата предност која iPad ја има пред MacBook Air или помалите MacBook Pro уреди. Конечно една од поздодевните надградби, додавањето на USB 4 и Thunderbolt поддршка ќе овозможи додавање на подобри надворешни дисплеи или надворешни дискови.

Овие перформанси значат и висока цена, а во случајот со повисоките модели, тоа значи и многу повисока цена. Основниот модел со претходната верзија на екранот и 128GB диск чини 800 долари. За моделот кој поддржува 5G мрежа се потребни дополнителни 200 долари. Основниот модел на iPad Pro со 11-инчен Liquid Retina XDR екран и 128GB простор чини 1100 долари.

Најскапиот модел на iPadPro со 12,9-инчен Liquid Retina XDR дисплеј, 2TB диск, 5G поддршка доаѓа за 2400 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии