Новиот iPad ќе доаѓа со Apple Pencil

Дејан Соколоски

во Хардвер

Очекувано, Apple претстави нов iPad. Цената на уредот најавен како едукативен модел, е 300 долари. Уредот функционира со електронското пенкало, но пенкалото за жал се продава одделно.

Новиот iPad е веќе достапен во продажба и може да се купи од Apple Store, секако ако државата има официјална продавница. Таблет компјутерот е достапен во неколку бои: сребрена, сива и златна.

Таблетот доаѓа со неколку, сега веќе стандардни функционалности, како читач на отпечаток, LTE, HD предна камера и 8 MP задна камера, како и ветување за 10 часа работа помеѓу полнењето на батеријата.

За сите кои не се студенти, а ова најверојатно ќе биде и најниската цена надвор од САД, новиот iPad ќе чини 330 долари. За сите кои сакаат пенкало ќе треба да одвојат дополнителни 89, односно 99 долари.

Со ова најверојатно Apple уште една година ќе треба да се збогува од конкурентноста на Chrome OS. Таблетот со пенкало и тастатура ќе чини околу 450 долари, што е повиска цена од најпопуларните Chromebook лаптопи на Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии