Новиот iPad има HD Retina дисплеј, А5X процесор и поддршка за 4G

Аpple денеска во Сан Франциско го претстави новиот iPad. Oва е трета генерација таблет компјутери за две години од компанијата од Купертино кои го освоија светот, продавајќи се во десетици милиони примероци, додека конкуренцијата збунето се обидува да претстави барем нешто доволно добро за да се спротистави на овој револуционерен уред.

Новиот iPad (Apple го нарекува само iPad, a не iPad 3) повторно ги поместува стандардите. Уредот кој ќе се продава од 16 март и ќе чини од 500 долари за верзија од 16 GB до 800 долари за 32 GB и поддршка за 4G, доаѓа со Retina дисплеј со висока резолуција од 2048 x 1536 пиксели.

[youtube]RQieoqCLWDo[/youtube]

Уредот работи на A5X процесор со quad-core графички процесор, за кој Apple вели дека е четири пати побрз од Tegra 3 кој се користи од некои од конкурентните таблет компјутери. Овие хардверски перформанси, заедно со добрата резолуција, ќе дозволат да видиме се подетални и подобри апликации, или поточно игри со поквалитетна резолуција. Игрите остануваат едни од најпопуларните апликации на сите времиња на iOS, како и сите други мобилни платформи, и играат голема улога во пробивање на мобилните уреди.

„Веруваме дека iPаd е предводникот на пост-PC светот. Продадовме 15,5 милиони iPad-и само во последниот квартал… повеќе од четвртиот квартал од било кој друг производител на PC-ја. Веруваме дека ова е показател на потенцијалот на овој продукт.“, вели директорот на Apple, Тим Кук.

Новиот iPad има и нова iSight камера, која е истата камера вградена во iPhone 4S и која е со 8 мегапиксели, автоматски фокус, автоматска експозиција, и можност за снимање на 1080p видео. Уредот има и микрофон но, интересно, не се работи за гласовниот асистент Siri, туку за гласовно диктирање на неколку јазика: француски, англиски, германски, јапонски.

Батеријата останува стандардна, може да издржи до 10 часа користење. iPad 3 е 9,4 милиметри тенок и тежи 0,6 килограми.

6 коментари на “Новиот iPad има HD Retina дисплеј, А5X процесор и поддршка за 4G

  1. neka si go kupe nekoj ako e budala! za eden retina mocan dispey da dadam 500 evra nema greska… poarno u dolo ke gi frlam ama za takvo gubre ne se isplaka da ti stoe doma. "Mamo kupi mi igracka od 500 evra" pa i so ubavo si napisale najnogu za igri se koriste. nogu jasno deka mali deca sakat se da i se kupe a u amerika moze da si dozvolat i zatoa 15 milioni ke imat ipad.

    1. Објаснение ?

      Ти не да си ми смешен, за плачење ми иде како што читам сега! Знаеш ли што можеш да купиш со тие пари кои ќе ги дадеш за iPad и iPhone ?

      Дај одговор или треба да ти вадам листа на уреди кои се најмалку 2 пати подобри за тие пари ??? xD

      1. Лол…да има работи како Asus што имаат повеќе рам итн, меѓутоа забораваат Андроид fanboys на тоа дека Apple прво гледа највеќе да го оптимизира софтверот за веќе постоечкиот хардвер пред да прави уреди со 2403204 гига рам и quad core процесор.

  2. Добро бре, што се толку тие iPad и iPhone ???

    Па поглупо нешто од таблет во животот немам видено!

    Подобро за тие пари еден многу подобар телефон што има многу повеќе опции отколку смотан таблет!!!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии