Новиот iOS ќе биде проактивен, ќе ги спои Siri, контактите, календарот…

Аpple наскоро ќе претстави конкурент на Google Now. Се работи за таканаречениот сервис Proactive кој ќе ги спои Siri, Contacts, Calendar и трети апликации во сервис кој ќе дава навремени и специфични информации.

Proactive e скоро готов; Apple веќе неколку години работи на сервисот, додавајќи мали стартапи кои ги купи во изминативе години како личниот асистент Cue, вели 9to5mac.com. Според изворите на блогот, Proactive ќе го замени Spotlight менито од iOS 8, и за разлика од говорниот асистент Siri ќе биде малку поважен сервис за корисниците бидејќи ќе ги собира сите кориснички информации, иако Apple ќе внимава на приватноста.

Наместо Spotlight барот кој е скриен, и се спушта со поминување на прстот од горе надолу, Proactive ќе биде сместен лево од почетниот екран, за да може да биде пристапен полесно. Тука корисниците ќе наоѓаат информации како персонализирани вести базирани на пребарувањето, или уште колку време има до конечната локација, заедно со насоки. Proactive ќе понуди нов вид нотификации кои ќе бидат збогатени со дополнителни информации, иако 9to5mac вели дека сегашниов систем за нотификации нема да биде променет. Една интересна идеја зад Proactive е сервисот да ги научи навиките на корисникот за да може да му асистира, пример ако корисникот станува во 8 часот наутро и во 8:15 веќе е на Facebook или отвара имејл, Proactive би требало да му прикаже копче за Facebook точно во 8:15.

Но, иако Apple може сам да го направи Proactive да биде корисна функционалност, сепак компанијата сака да има поддршка од трети апликации кои ќе бидат интегрирани во оваа нова функционалност што најверојатно ќе биде најавена на Apple Worldwide Developers Conference на 8-ми јуни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии