Новиот iOS 5 доби нотификации и има интегриран Twitter

Сега во iPad Safari прелистувачот има табови и е претставена апликација Reading List за iOS уредите преку која може да се споделуваат линкови. Претставен и iMessage за комуникација и праќање SMS меѓу iOS уредите. iOS 5 има и Newsstand, сличнa апликација на iBooks, за прегледување на апликации за весници. Има и нова апликација за камера и фотографи, нова апликација за Mail. Има и систем за поделена-на-две тастатура чии двата дела се појавува на двете страни на екранот што го прави куцањето доста полесно.

Една од поинтересните новини е што не ви треба iTunes или PC за да се користи iOS уред. Има опција да се сетира директно преку самиот уред преку Welcome екран.

iOS 5 ќе се појави на есен.

При презентацијата на iOS 5, Apple на својата WWDC конференција за развивачи објави интересна статистика велејќи дека им исплатил на сите програмери вкупно 2.5 милијарди долари, ошто покажува дека мобилнит пазар, посебно iOS пазарот, може да биде неверојатно профитабилен. Посебно кога се знае и останатата статистика. Имено, Apple има 200 милиони продадени iOS уреди, од кои 25 милиони се iPad-и во првите 14 месеци. Од App Store мобилните апликаци се симнати 14 милијарди пати, а има продадено и 15 милијарди продадени песни преку iTunes и 130 продадени книги преку iBookStore.

2 коментари на “Новиот iOS 5 доби нотификации и има интегриран Twitter

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии