1 коментар 2 мин. читање 3 јануари, 2017

Новиот Intel i7-7700K се оверклокува до 7GHz!

Таман AMD помислија дека ќе се приближат до перформансите на Intel, презентација на Kaby Lake го покажува i7-7700K на 7GHz…

Перформансите на новата генерација не се толку подобри од претходникот, но Kaby Lake е креиран за оверклокување. Intel i7-7700K процесорот работи на 4.2GHz, а со турбо на 4.5GHz. Сепак рускиот сајт OCLab дојде до процесорот и го тестираше со азотно ладење. Процесорот стигна до 7022.96 MHz. Оваа фрекфенција без сомневање ќе оди нагоре кога ќе излезат Kaby Lake матичните плочи. Овој тест е направен со ASRock Z170M OC Formula матилна плоча, која не е оптимизирана за архитектурата Kaby Lake.

Вообичаено овие оверклокувања се прават со едно вклучено јадро на процесорот. Сепак овој пат тестот е со две вклучени јадра, пишува PC Magazine.

Image: Hot Hardware

Можностите за оверклокување секако ќе им се допаднат на PC ентузијастите. Работна фреквенција од 7 GHz можеби и нема да биде остварлива за најголем дел од корисниците. Ако со помало ладење со овозможени подобри перформанси од сегашната генерација, корисниците ќе бидат презадоволни.

Се надеваме дека наскоро на CES ќе дознаеме повеќе за можностите на процесорот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top