Новиот iMac Pro ќе доаѓа и со A10 Fusion процесор

Дејан Соколоски

во Хардвер

Siri наскоро ќе пристигне на macOS. Гласовниот асистент на Apple прво ќе пристигне на новата верзија на iMac Pro. Ова го открија двајца истражувачи, Џонатан Левин и Стив Трутон-смит.

Прегледувајќи по BrigeOS, двајцата пронајдоа ARM процесор. Најверојатно станува збор за A10 Fusion чип кој ќе овозможи нови функционалности, вели 9to5Mac. Ова не е прв ARM процесор во MacBook, но е прв A-процесор. Од порано T1 се користи за Touch ID и Touchbar.

Шпекулациите велат дека ко-процесорот би можел да се користи за процесирање на гласовни команди за активирање на Siri.

Она што е јасно од првите анализи на BridgeOS е дека ко-процесорот ќе се користи при стартување на оперативниот систем. Процесорот работи и кога iMac Pro е исклучен, вели г. Трутон-смит. А10 процесорот ќе се користи за стартување на х86 и го испраќа EFI фирмверот до истиот.

Ова не е прв пат да се зборува за ARM копроцесор за iMac. Уште со најавата се зборува за ко-процесор кој ќе доаѓа со компјутерот. Засега не е потполно јасно дали овој процесор со сигурност е A10 Fusion.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии