Прво нешто што ќе приметите откако ќе го активирате профилот, следејќи ја оваа страна па Get the new Profile, е редот од неколку најново тагирани фотографии кои се појавуваат под кратките воведни информации. „Нема подобар начин да научите за личноста одошто да погледнете фотографија“, вели Facebook.

Втора голема промена е преместување на табовите. Менијата за постовите на ѕидот, фотографиите, видеата, пријателите… сега сите се наоѓаат лево под профил сликата. Претставен е и новиот пребарувач на пријатели кој се отвара со кликање на Friends барот, и нов поинтересен интерфејс за прегледување на албуми со фотографии и видеа.

Интересна новина е истакнување на локацијата т.е на Facebook Places сервисот. Може да се види од фан страната на шоуто на Елен ДеГенерес дека под воведните информации се прикажува Bing мапа која се користи од Places. Локацијата т.е број на чекирања на Places се прикажуваат и веднаш до бројот на фанови. Сево ова сугерира дека Facebook се обидува да ги мотивира корисниците да започнат да ја споделуваат локацијата, што евентуално ќе придонесе кон популаризација на Facebook Deals, уште еден систем за дополнителни приходи на мрежата.

Исто приметливо е дека од десната страна на новите профилите има повеќе место за рекламни банери, кои сега се со поистакната слика и со повеќе место за текст.

5 коментари на “Новиот Facebook профил

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии