Новиот eyePhone

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Овој новитет со помош на сателитската технологија ги комбинира трите модерни технологии за својата услуга: сателитска навигација, напредно препознавање на објекти и примање на информации преку интернет. eyePhone е направен од страна на сопствениците на компанијата SuperWise Technologes AG,  Др. Ернст Пектл и Др. Ханс Гајгер, кои го создале системот за препознавање на слики и воедно систем за вештачка интелигенција -Apollo image-recognition system, кој претставува основа на eyePhone.

Функцијата на уредот е кога на пример здогледате нешто интересно за време на прошетка, сликате фотографија со вашиот мобилен телефон, го селектирате предметот кој ве интересира на фотографијата со помош на курсорот и во тоа дадено време ви се праќаат пре-процесирани информации за објектот што сте го селектирале на вашиот мобилен телефон. Пронаоѓачите известуваат дека овој уред би помогнал највеќе на туристите додека се на одмор или некое непознато место да дојдат до брзи информации со само 2-3 акции. Без разлика дали се работи за зграда, планина, дрво, билка, некој посебен настан, фестивал, реки, езера и т.н. количиината на побараната информација зависи од вас, доколку сакате да дознаете повеќе, кликнувате на тастерот "повеќе" (More) и добивате подетални информации.
 
eyePhone во 2007 година ја има добиено и првата награда на регионалниот натпревар во сателитска навигација одржана од страна на European Satellite Navigation Competition во Баварија – Германија.

{mosimage}

Apollo системот може да идентификува објекти во дигитална фотографија без разлика од дадениот агол од кој е сликано, светлината или пак квалитетот на фотографијата. Користи нова функција наречена сензор на агли или angle-sensor кој може да се најде во поновите дигитални камери за идентификација на аголот од кој сликата е сликана или пак каде насочува камерата.

Пектл изјавува "Клучот на eyePhone системот е препознавање на објекти извршен од страна на софтверот Apollo. Ништо во светот неможе да го направи она што нашиот софтвер го направи."

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии