Новиот Bing тулбар е одличен додаток за IЕ корисниците

Овој тулбар работи само на IE 7, 8 и 9 и само на оперативните системи Windows 7, Vista и XP со Service Pack 3. Најдобро е да го користите со новиот IE 9 чиј минималистички дизајн дозволува користењето на овој тулбар да не биде толку приметливо, дури и добро изгледа. Најверојатно од Microsoft го зеле в предвид овој тулбар како дел од дизајнот.

Главната новина е што сега можете да ја интегрирате вашиот Facebook профил со тулбарот. Малку бев скептична, но пријатно се изненадив. Со кликање на Facebook копчето, кое може да го видите горе на сликата, откако ќе му дозволите на Bing тулбарот да ги превземе информациите од Facebook, ќе можете во секое време да го проверите News Feed со најновите статуси, ќе ви се појави известување кога ќе добиете нотификација или покана за пријателство. Можете и да ги видите сликите на пријателите. Се тоа ќе би се отвори во малечко прозорче како ова:

Во исто такво прозорче можете да ја прегледате вашата електронска пошта, ако ја поврзете со Bing тулбарот, а во моментов поддржани се Gmail, Hotmail и Yahoo Mail. За да прочитате порака во нов прозорец треба само да кликнете, а за да напишете нова, имате икона горе која можете да ја кликнете, до која има икона за освежување.

Исто така, како и порано Bing тулбарот ја препознава локацијата каде се наоѓате и ви дава временска прогноза и мапа каде се наоѓате ако кликнете на одредените копчиња (видете на најгорната слика). Мене ми рече дека сум во Штип и ми ја зумираше реката Брегалница, проблемот се лошите Bing мапи, но добро е што можете да го промените тоа и да си ја зачувате точната локација. Како и во предходните верзии, можете и да ги видите најновите вести, ви дава предлози за игри и за филмови.

Се на се, одличен и корисен додаток за Internet Explorer корисниците. Ако сакате да пробате симнете IE9 и инсталирајте си Bing тулбар.

<a href="http://video.msn.com?mkt=en-us&#038;brand=msn video&#038;playlist=videoByUuids:uuids:1029d71f-192f-4d98-bba7-917e550090d8&#038;showPlaylist=true&#038;from=bingblogplayer_en-us_bing&#038;fg=Bing_Marketing_player_bing_blog" target="_new" title="New Bing Bar Available Today">Video: New Bing Bar Available Today</a>

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии