Новиот Android ќе се вика… Nougat!

Името на новата верзија на Android N е Nougat, бидејќи Google е фанатичен фан на десерти. Но, името овој пат доаѓа од корисниците кои имаа можност да предлагаат имиња на вебсајтот креирана за оваа пригода.

Оперативниот систем најверојатно ќе биде достапен веќе наесен, а за јули е најавена финалната верзија за развивачи. Најголем новитет во оваа верзија е Daydream, дел од Android кој ќе биде поддршка за виртуелната реалност. Иако е рано да се зборува за брзината со која телефоните ќе бидат надградени на новата верзија на оперативниот систем, еве како изгледа моменталната фрагментација на Android. Најголем дел од првите верзии се „заборавени“, а најголем број на корисници имаат KitKat (Android 4.4.x) и Lollipop (Android 5.0.x и 5.1.x), јави Androidpolice.

nexus2cee_android-usage-distribution-aptelligent-728x425

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии