Новинарите се опасни за безбедноста? GCHQ ги следи BBC, Guardian, New York Times

Британската разузнавачка агенција GCHQ ја пресретнува електронската пошта на новинарите во некои од најголемите светски медиуми, пишува Guardian, повикувајќи се на доверливите документи на NSA кои ги достави поранешниот аналитичар Едвард Сноуден.

Помеѓу медиумите „под надзор“ на будното око на агенцијате се BBC, Reuters the Guardian, New York Times, Le Monde, Sun, NBC и Washington Post. Имејли од овие агенции се архивирани и споделени на агенцискиот интранет како дел од вежба на GCHQ. Сепак се чини дека медиумите се жртва на поопфатно следење. Документи откриваат дека во 2008 година за само 10 минути се пресретнати и зачувани над 70.000 имејл пораки.

Покрај електронската пошта, пресретнати се и разговори помеѓу новинарите и уредниците во кои биле дискутирани стории. Иако нема индикација дека новинарите се цел на овие следења и можеби се жртва на собирање податоци во куп, документите велат дека британската разузнавачка агенција смета дека истражувачкото новинарство е опасност на исто ниво како терористите и хакерите.

„Новинарите и репортерите кои претставуваат медиуми се потенцијална опасност за безбедноста. Исклучително опасни се новинарите истражувачи кои специјализираат во прашањата за безбедноста и сметаат дека се од јавен интерес. Сите новинари може да се обидат да пристапат со формален или неформален пристап со персоналот кој не е на работа, бо нивните обиди да стигнат до информации кои не треба да ги имаат. Овој пристап е опасност и надлежните мора да бидат веднаш запознаени“, велат последните документи кои ги сподели г.Сноуден.

Претставникот на GCHQ одби да даде одговор на прашањата на Guardian велејќи дека агенцијата нема обичај да дискутира за прашања од разузнавањето. Сепак додаде дека сите акции на агенцијата се во законски рамки.

Разбирливо на уредниците и новинарите, акцијата на GCHQ не им е интерсна, па над 100 уредници потпишаа протестно писмо до премиерот на Британија, Дејвид Камерон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии