Нови уреди за да владее со домот – Amazon претстави нови Echo модели

Дејан Соколоски

во Хардвер

Уредите кои протекоа оваа недела Amazon ги претстави експресно. Компанијата без никакви најави закажа и одржа настан во ист ден, а на него беа претставени неколку нови Echo уреди. Ова се уредите кои порано неделава беа тема на шпекулации, дали ќе има и други најверојатно ќе дознаеме подоцна.

Она што е официјално е дека имаме куп нови Echo уреди, неколку нови апарати за домаќинство и паметен приклучок (штекер) од Amazon.

Токму приклучокот е еден од најинтересните новитети. Она што го овозможува не е спектакуларно, а сепак е интересно. Приклучокот доаѓа со Alexa што значи дека што и да се прилучи на него ќе може некако да биде управувано. Секако пофино управување со овој начин не доаѓа предвид, но вклучување и исклучување секако се функција. За жал приклуокот има поголем недостаток, цената од 125 долари е едноставно превисока.

Можеби вториот уред кој ги сврте погледите е микробрановата печка од Amazon. Секако ова не е најдобриот уред од овој вид, иако можеби е првиот со гласовни команди. Сепак уредот е поинтересен бидејќи е прв уред за домаќинство од Amazon. Корисникот може со гласовни команди да ја активира микро-рерната. Alexa вградена во уредот туку преку Bluetooth се поврзува со Echo. Изнанадување е цената која е единствено 60 долари.

Новата надградба на Echo Plus ќе овозможи управување со паметниот дом дури и кога има пракин на Интернет. За ова да се реализира секако треба се да се префрли локално, што и е направено со уредот. Па дури и кога нема интернет корисникот може со гласовни команди да управува со уредите кои се поврзано со Echo Plus. Центарот за управување продилжува со цената 150 долари, иако покрај оваа надградба сега има и температурен сензор.

Amazon претстави и надградба на неколку уреди и неколку нови уреди како Echo Dot, Echo Input, Echo Plus, Echo Sub, Echo Show, Alexa Guard, Echo Wall Clock.