Нови телефони на Google, Pixel 3 и 3 XL подготвени за корисниците

Дејан Соколоски

во Мобилни, Хардвер

Image courtesy of Google

На настанот во Њујорк, Google претстави два нови телефони. Речиси ништо, од изгледот до хардверот на телефоните не е изненадување, но Pixel, и претходно Nexus, секогаш биле интересни за љубителите на Android.

Најверојатно најдобриот дел од претходниот модел беше камерата. Најголем дел од експертите се согласни дека камерата на Pixel 2 (и вештачката интелигенција зад камерата) е најдобра камера на телефон. На новиот уред Google ветува дека имаат и уште подобра камера.

Двата уреди доаѓаат со Snapdragon 845; 4GB RAM; 64GB простор и можност за 128GB на поскап модел. Но, Google овде го истакна Titan M процесорот за безбедност. Задолжен за речиси сè од логирање, до криптирање на дисковите, комуникација со апликации и безбедност за Android треба да обезбеди поголема приватност и безбедност за сопствениците. Главната камера останува единечна, но софтверот на Google прави чуда со неа. Предната камера е сега дуал, и ова треба да овозможи слики со поширок агол.

Помалиот Pixel 3 доаѓа со 5,5-инчен 2160×1080 OLED екран, а поголемиот со 6,3-инчен 2880×1440 OLED екран. Батеријата на помалиот телефон е 2,915 mAh, а на 3XL е нешто поголема, вели Ars Technica. Уредите доаѓаат со заштита IP68  или уредот е заштитен од навлегување на прашина и може да биде потопен во вода подлабока од 1 метар. За жал жртвата на оваа непропустливост се и приклучокот за слушалки и просторот за microSD кои не се достапни на телефоните.

Претпродажбата на Pixel e веќе започната, а официјално продажбата започнуваат на 18 октомври. Цената на телефоните е 800 долари за Pixel и 900 долари за 3XL, верзиите со повеќе простор чинат уште 100 долари повеќе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии