Нови податоци покажуваат дека зад WannaCry можеби стојат кинески криминалци

Јазикот кој е искористен во пораките во кои се бара откуп покажува дека можеби зад WannaCry нападот стојат кинески криминалци. Ова го покажува анализата на Flashpoint која ја пренесе BBC.

Анализата на различните текстови во кои се бара откуп, покажала дека единствен јазик кој напаѓачот го зборува течно е кинески. Софтверот е преведен на 28 јазици, но единстевено за кинеската и англиската верзија не е користен софтвер. Во англиската верзија се искоростени фрази кои луѓето од англиско говорно подрачје не ги користат, пренесе BBC.

Претходно, по анализа на кодот главни осoмничени за нападите беа северно корејски хакери. Анализата на јазикот покажува дека единствено кинеската и англиската верзија се напишани од некој кој го разбира јазикот. За останатите преводи, вклучувајќи го и корејскиот, е користен Google Translate.

Споредбата на Google Translate верзиите и текстот во кој се бара откуп, покажува сличност од најмалку 96.73% со Google Translate преводите од англискиот текст, вели Flashpoint.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии