Неколку корисници отворија дискусија споредувајќи ги понудите, и потребите, од кабелските интернет провајдери откако се сподели вест деке CableTel нуди повеќе и побрз интернет.

  • Lynx: Nice, nice, али за дома и овој пакет што го имам, 8 мегабита со 200 гигабајти ми е доволен. Поминаа времињата кога ми требаа вакви интернет пакети.
  • Revan: Жими таквото што ќе бидат неограничени пакетите, ќе стават некоја бедна Полиса за фер користење и после неограничен ќе го нарекуваат. Катастрофа им е цела инфраструктура, кај мене штом заврне паѓа цел интернет, лани две недели им се жалев, едвај пратија екипа да поправат проблемот.
  • Caki: Кај мене изгледа се погоди Кејблтел, две години го користам од кој последната го користам пакетот 8/200 и сега за сега е се супер.
  • Masterfixc: Брзина на сурфање – лета, брзина на download – лета. лаг при игри – ми иде да се обесам…
  • Filipvselena: И ја сум на Telekabel и ги трпам. Разликата е што јас не можам да избегам од нив бидејќи CableTel ги нема кај мене во мојава населба. Многу се идиоти 3 години ги молиш да ти пуштат кабел, 2км сме од нивното главно претставништво, и се се сведува на „наскоро, наскоро“. Имаат најаки пакети, ама се несериозни и малку неорганизирани.

… дискусијата, прашањата, споделувањето искуство со .мк интернет понудите, стабилноста и брзините продолжува на форум.

5 коментари на “Нови пакети на Cabletel

  1. neka nenelazat ejjj otvorete na bgarskoto blizo da vidite sto i kakov internet ima za kolku pari?.digitalna poslaba od analogna a analogna pokrs od obicna antena!!cable tel sega za sega e katastrofa….pozdrav do site

  2. Кејблтел не нудат само интернет. Мораш да земеш и тв во пакет – што ти ја качува цената, малтене дупло (башка, кој гледа тв кога има интернет?!). На сајтот од скоро им се појавија пакети само интернет, ама кујзнае кај се достапни, кога кај мене, во сред Скопје, нема таква можност. Затоа ќе ги баталам овој месец, таман ми истекува договорот.

  3. И кои се тие нови пакети?? Или овај пост е пробен пост да се рекламира некоја тема на форумот, или пак авторот заборавил да напиши 2-3 реченици за новите пакети, покрај тие 2-3 неверојатно сложени реченици на почетокот од посто..
    Добро барем се снајде некако (copy/paste) на форум содржина хехехе

    Ајде ИТ, ова е втора критика што ја оставам.. Ако немате некои новости, не мора да постирате било што, или барем ако веќе постирате тогаш потрудете се да чини. :)

    1. 1) Нема кои пакети за да не биде реклама на Каблетел, ако те интересира кликни на линкот и 2) бидејќи е тема за квалитетот и барањата на корисникот одошто кои пакети се нудат, целата дискусија е за понудите од сите .мк провајдери

      Вакви постови се форум постови и точно е дека се за да истакнат дискусии од форум со цел луѓето кои не идат на форум да видат дека тамо може да прочитаат нешто повеќе. Често објавуваме вакви форум постови за да ги истакнеме мислењата и на форумџиите бидејќи тие се ИТ луѓето. http://www.it.com.mk/tag/forum/

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии