Нови надградби и функционалности на Microsoft Edge

Со секоја нова надградба Microsoft Edge станува подобар и подобар. Прелистувачот не може да се „пофали“  со бројот на корисници, но има неколку нови функционалности кои може да ве убедат да му дадете шанса.

Една од функционалностите кои доаѓаат наскоро ќе бидат вертикалните табови. Ова ќе им овозможи на корисниците да ја искористат целат висина на екранот за прелистувачот, а  мала лента од страна ќе ја замени положбата на сегашните табови. Дополнително Microsoft неодамна додаде можност за табовите кои не ги користите да влезат во „sleeping mod“. Вака „затворениот“ таб троши 26 отсто помалку за процесирање и 16 отсто помалку меморија.

За корисниците кои често пребаруваат по „историјата“ наскоро ќе има можност за полесен преглед. Microsoft ќе „врати“ една од функционалностите која е достапна во „legacy“ верзијата на софтверот. Можноста за фиксирање на историјата од десна страна на екранот повторно ќе се врати на Edge.

Колку и да звучи чудно, некои работи, на пример видеа, се подобри за пребарување на Bing;  Не толку за резултатите, колку за картичките и начинот кој Bing ги претставува резултатите. Наскоро Bing ќе има нови картички и за резултатите од пребарувањето рецепти. Новиот изглед наликува повеќе на Pinterest отколку на пребарувач.

Конечно ќе има подобрување и во перформансите на Edge. Поточно времето на отворање на прелистувачот ќе биде од 29 до 41 отсто побрзо по рестарт на уредот.

Повеќе податоци за промените на Edge може да прочитате на блогот на Microsoft.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии