„Глупавиот“ телефон Light кој на своите корисници требаше да им овозможи основна функционалност, ќе доцни со испораките. Оригинално телефонот требаше да пристигне на крајот на овој месец, но поради непредвидени проблеми за најголем дел од поддржувачите ќе биде достапен идната година.
Проблемите се поради дел од функционалностите на iOS кои не можат да се прилагодат. Сепак компанијата за да не доцни уште повеќе ќе започне со испорака на првите (Light) уреди кои ќе започнат со испорaка на 30 ноември. Црната (Night) верзија ќе почека до почетокот на 2017.
Предностите на глупавиот телефон покрај можноста да се исклучите од технологијата и цената (уредот чини 100 долари) е и батеријата. Батеријата трае дури 21 ден без полнење. Дополнително, телефонот е еден од поубавите „глупави“ уреди кои излегле.
Што се однесува до квалитетот, Light Phone се изработува во Foxconn во Кина. Во истата фабрика своите телефони ги произведуваат и Apple, Xiaomi, Huawei.