Нови копчиња ќе му прават друштво на Facebook Like

Facebook на својата конференција f8 покрај претставувањето на новите редизајнирани профили ќе претстави и повеќе новости поврзани со различни медиуми, како што се филмовите, весниците, сериските филмови и секако музиката. Овие новости ќе бидат пропратени со нови копчиња кои ќе имаат за цел да бидат дополнување на веќе постоечкото Like копче.

Според TechCrunch, кои наведуваат дека не е од официјален Facebook извор, станува збор за копчињата „Read,“ „Listened,“ и „Watched,“ кои после одреден период ќе бидат збогатени со уште едно копче, „Want“. Исто така не се знае што ќе се случи со веќе постоечкото Like копче и како овие нови копчиња ќе влијаат на него. Се претпоставува дека причината за претставувањето на нови копчиња е собирање податоци од корисниците со цел да им ја олеснат работата на Facebook при рекламно таргетирање. Уште една причина е и обезбедување на поперсонализирано искуство за корисниците.

За жал во најавените шпекулации за новите копчиња никаде не се споменува дека Facebook би лансирал и копче Dislike, кое верувам на многумина би им било корисно. Се разбира, Dislike нема толку да им помогне на Facebook да дознаат што сакаат корисниците, како што тоа можат да го направат копчињата „Read,“ „Listened,“ „Watched,“ и „Want.“

Инаку, F8 конференцијата за програмери е со мото „Читај. Гледај. Слушај“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии