Нови (и некои стари) корисни екстензии

Дејан Соколоски

во Вести

Google Chrome е еден од најпопуларните прелистувачи и иако веќе не е случај во минатото екстензиите беа значителна предност пред конкурентните. Дел од функционалностите на најпопуларните екстензии веќе се интегрирани во самиот прелистувач, но ова секако не значи дека нема куп нови кои ќе ни се најдат, и или ќе ни помогнат во работата или барем ќе ни го разубават прелистувачот.

PrintFriendly & PDF

Ако често или барем редовни печатите веб-страници, веројатно или сте запознаени или би сакале да имате некој начин што ќе ви помогне за попрегледно печатење. Најчест проблем се страничните колони, менијата и куп реклами кои ја прават отпечатената верзија речиси нечитлива.

Без сомневање PrintFriendly & PDF не е единствената екстензија која овозможува печатењето на веб-страниците да биде многу попрегледно. Колку прегледна е последна зависи од корисниците со оглед на тоа дека има прилично широки можности за уредување.

Отстранувањето на некои од елементите, на пример менито е автоматско, но различни слики и параграфи можат да се отстранат и по ова.

Најголем недостаток на PrintFriendly е што на некои страници погрешно отстранува и делови од содржината, што не е мала грешка. Сепак ако имате среќа екстензијата може да биде исклучително полезна.

The Great Suspender

Верувам дека нема да ви биде изненадување ако ви кажеме дека Google Chrome е неверојатен „јадач“ на меморија. Токму оттука доаѓа и најголемата корист од The Great Suspender.

Екстензијата автоматски го „заспива“ табовите кои долго време не се отворени, а со тоа го прави Chrome поштедлив со меморијата.

Она што го прави е екстензијата е едноставно, ја „исфрла“ целата содржина и единствено ги помни урлто и фав-иконата. Кога корисникот ќе го отвори овој таб целата содржина на страницата повторно се вчитува.

Очигледно екстензијата е многу покорисна за корисници кои имаат многу или повеќе отворени табови во својот прелистувач. Корисниците кои немаат многу страници кои им се отворени нема да имаат подеднаква корист од екстензијата.

The Great Suspender има едноставна функционалност која овозможува избор на време по кое страницата оди во „хибернација“; избор на страници за кои ова нема да важи, можност за различен профил на корисник кога компјутерот е вклучен во струја или кога е на батерија.

Дополнителна голема предност е што екстензијата е со отворен код.

OneNote Web Clipper

OneNote Web Clipper е алатка за продуктивност или барем би можела да биде ако ја користите правилно. Екстензијата доаѓа од Microsoft и секако најдобро работи со остатокот од Office пакетот.

Она што алатката ви овозможува е брзо фаќање на белешки и собирање на содржина од интернет.

Функционира супер едноставно наоѓате нешто што сакате да зачувате го активирате OneNote Web Clipper. Овие исечоци може да ги организирате како сакате, а содржината која може да ја додавате е различна, од делови на веб-страници, до pdf и видео содржина.

Белешките на OneNote доаѓаат како компактна целина без реклами, менија за навигација и слично. Со екстензијата може да се преземаат цели веб-страници или повеќе делови од истите.

CrxMouse Chrome™ Gestures

CrxMouse е екстензија која ви овозможува нови гестови во прелистувачот со помош на компјутерското глувче. На пример лево копче и повлекување во лево го отвора линкот во нов прозорец. Истото повлекување во лево, но со десното копче ќе ве врати на претходната страница

Ова се само дел од примерите екстензијата ги користи сите копчиња на глувчето, а можете и самите да си додавате свои гестикулации.

Екстензијата има над 600 000 корисници и оценка од 4,5 ѕвезди.

Momentum

Momentum не е нова екстензија и веќе поодамна имаме пишувано за неа. Иако е постара и генерални нема никакви промени во новата верзија сепак е една од моите омилени екстензии за Chrome.

Иако можеби благодарение на To Do листата може да ви помогне да бидете малку попродуктивни ова не е намената на екстензијата. Momentum едноставно ја менува „new page“ страницата на Chrome со огромна слика која го зафаќа целиот простор, една мотивациска порака.

Во едниот агол е температурата, во десниот агол агендата за денот, ана средината е часовникот и поле за додавање на нова агендата. Иако не прави ништо спектакуларно едноставниот прозорец на Momentum сè уште е покорисен, а секако и поубав од стандардниот Chrome.

Hover Zoom+

Ова е уште една екстензија која не прави ништо особено, но сепак е корисна и ќе ви помогне. Функционалноста е едноставна, иако може и да ви здодее ако ви е постојано вклучена.

Hover Zoom+ едноставно ја зумира секоја слика над која стои компјутерското глувче. Екстензијата освен поубаво искуство нема некоја друга функционалност, но ова секако не значи дека нема да ја користиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии