Нови фотографии од Центарот за складирање и заштита на податоците

Дејан Соколоски

во Вести

Изградбата на ИКТ Центар за складирање и заштита на податоците започна пред две години, и продолжува понатаму. Планот за центарот е на српското студио 1X2Studio, на нивниот веб-сајт може да се пронајдат подетални податоци за локацијата и објектот.

Она што е веројатно подеднакво интересно како и галериите е дека прогресот во изградбата на центарот за складирање и заштита на податоците може да се забележи и на Google Maps.

Центар за складирање и заштита на податоците

Системот се гради во Прилеп и треба да обезбеди нормално функционирање и зачувување на податоците во сите услови, без разлика дали станува збор за природна катастрофа или последица на човечки фактор. Центарот ќе биде замена секогаш кога примарниот информатички систем поради некоја причина е офлајн. Дел од заштитата која се обедува со овој систем е поради: природни катастрофи, земјотреси или поплава; тероризам; неочекуван прекини во електричното напојување и слично.

Објектот е поделен во два дела со различна функционалност; Кружен прстен во која се сместени техничката опрема и инсталацијата и серверска соба со капацитет за 120 рака; и тоа 60 рака во првата и дополнителни 60 во втората фаза. Моќноста на секој рек е 7,2 KW. Пристапот до објектот е од внатрешната улица и потоа преку пешачки пристап.

Највисоко ниво на заштита е предвидено за серверската соба. Со ова се намалуваат и ризиците и се олеснува мултифункционална безбедност на бекап системите. Центарот ќе биде под 24-часовен надзор во текот на целата недела.

Оваа недела Центарот беше „интересен“ за српскиот портал Gradnja.rs кој сподели повеќе фотографии и податоци за проектот. Сите фотографии се од 1X2STUDIO.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии