Нови EУ правила ќе ги намалат цените на мобилниот роаминг

Предложени се нови правила со кои ќе се претстави конкуренција меѓу операторите од различни земји со што ќе се намалат цените на домашните и роаминг мобилни разговори. Целта на Европската комисија е да се намалат цените на роаминг услугите со цел да ја мотивира комуникацијата меѓу корисници во различни земји-членки.

„Мојот заклучот за високите цени е што суштинскиот проблем за високите цени е недостаток на конкуренција. Тоа значи дека операторите можат да продолжат да наплаќаат ненормално цени, со значителна маржа при преминување од една ЕУ земја во друга – иако овие внатрешни граници не би ни требало да постојат.“, вели евро-комесарката за ИТ, Нели Крус.

Предлогот на Европската комисија е да се зголеми конкуренцијата, односно корисникот да има право да одбере поефтин роаминг оператор да му понуди услуги независно од домашниот оператор. Тоа ќе значи да се дозволи да се стартуваат алтернативни, виртуелни оператори кои ќе добијат пристап до мрежите по регулирани цени.

Европската комисија ќе постави и лимит на цена на симнати мегабајти. Иако за телефонски разговори има лимит од 35 евроценти по минута, со ДДВ, за мобилниот интернет сè уште нема одредена граница за највисока цена. Според Комисијата, до 2014-та телефонските разговори би се намалиле на 24 евро центи, односно 50 центи за мегабајт.

My blog post on the new #EU #roaming proposals: getting to the root of roaming rip-offs http://t.co/9AiOcAVless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии