Новата Universal Mobile Keyboard на Microsoft работи со iOS и Android, но нема да работи на Windows Phone

Microsoft полека се насочува кон софтвер и хардвер додатоци за повеќе од еден оперативен систем. Компанијата претстави нова тастатура наменета за сите таблет компјутери и телефони, која доаѓа со поддршка за Windows, Android и iOS. Universal Mobile Keyboard овозможува пишување на сите уреди, а доаѓа со батерија која се користи единствено за потребите на тастатурата, која може да работи помеѓу полнењата до шест месеци. Тастатурата ќе биде достапна во октомври за цена околу 80 долари. Иронично, тастатурата на Microsoft е без поддршка за нивната Windows Phone платформа бидејќи засега уредите не подржуваат Bluetooth HID, потврди Microsoft за ZDNet.

[youtube]sdPT-TzgU84[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии