Новата iPhone камера, фитнес можностите на Watch 2, се главен фокус на рекламите на Apple

Можностите на камерата, водотпорноста на новиот iPhone 7 и часовникот како фитнес додаток, се во фокусот на новите реклами кои ги издаде Apple за новите уреди.

Она што е можеби поинтересно е дека сите реклами се направени да го потсетат корисникот токму на фитнес или физичка активност. Во првата тинејџер на скирол снима видео доцна во ноќта. Другата е потсeтување на водотпорноста на телефонот, но и овој пат со потсетување за физичка активност; рекламата е за велосипедист кој излегува на тренинг на дожд и во невреме.

Рекламата за Apple Watch Series 2, воопшто и не споменува некој од другите можности на часовникот. Овој пат го третира единствено како фитнес додаток. Ова можеби и не е никакво изненадување, продажбата на часовници е проблематична, но фитнес додатоците се многу поинтересни за купувачите.

Новите реклами излегуваат неколку дена по официјалната продажба на iPhone 7 и Apple Watch Series 2, на 16. септември. Уредите во претпродажба се достапни од 9. септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии