Новата игра на српски Nordeus се вика Spellsouls: Duel of Legends

Креаторите на една од најпопуларните Facebook игри Top Eleven, српското студио Nordeus, работи на нов проект. Spellsouls: Duel of Legends од 10 јануари е достапна за преземање во неколку држави: Канада, Тајван, Хрватска, Австралија, Нов Зеланд, Шведска и Холандија се државите каде играта е официјално достапна, јави Startit.rs.

Играта засега е достапна единствено на iOS. Жанрот е можеби помалку чуден, „deck building“ MOBA (Multiplayer Online Battle Arena). Во текот на играњето играчот собира различни карти кои може да ги додаде во својот шпил. Шпилот е составен од карти кој играчот ги добива со играње, и треба да го прилагоди за своето играње. Картите ги претставуваат различните моќи или армии кои го следат играчот.

„Spellsouls е изграден на нашето знаење за компетитивен гејминг и со цел на играчите да им пружиме вистинска комбинација на жанрови; баланс помеѓу акција и стратешка умешност. Во играта внесовме многу знаење и стручност кои ги стекнавме низ годините надградувајќи го Top Eleven, но и останатите игри, а AAA продукцијата и ангажираноста на играчите ни се два најголеми приоритети.“, вели Иван Стојисавлевиќ, директор на Nordeus.

1 коментар на “Новата игра на српски Nordeus се вика Spellsouls: Duel of Legends

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии